VIS-VOX

431

Кои сме ние

Марјан И. Бојаџиев (1967) , алиас Mayo Vox - Клавијатури, Композиции, Текстови

bald-eagle

За прв пат настапи на Рок фест 1983 година, како  соло перформер со клавијатури. Веќе следната година е еден од основачите на Гино де Гаги и нивните страсти.(Рок Фест 1983 – II)

Во 2011 година ги „реактивираше“ Перо, Ѓоле, Гино и Рубин и така настана V.I.S  VOX

Во слободно време е маскиран во “business attire”.

Порано се претставуваше како бизнисмен….сега како професор.И за чудо, му успева…

За него навиваат сопругата Ирена и следната генерација во состав:  Илијана( 1997)  и Лука( 2000)

 

Драган Гиновски – Гино, (1967) – Гитари,  Композиции, Ко-автор, Аранжмани,  Sound Engineer & Producer

gino-the god

Драган Гиновски, основач на Гино де гаги и нивните страсти и на Архангел. Сними 3 албуми со Архангел и настапуваше на сите најзначајни концерти.

Во слободно време гради гитари, а во време за уживање е инженер на звук,  снима, микса и продуцира во студиото „Гино &  Андријана.“

За него навиваат Андријана и следната генерација: Димитар (2011)

Перо Јанков  PJ (1967) , Бас гитара, Композиции, Аранжман , Програмирање на ритам секција.

pero-bass

Основач на ДДТ, член на Гино де Гаги и ниовните страсти, член на Архангел и учесник на сите албуми , како и на најголемиот Архангел концерт.

Во слободно време

А) гради брани

Б) црта карикатури – тој е еден од водечките МК карикатуристи

В) а по малку и  компонира инструментали.

За него навиваат сопругата Веселинка и од следната генерација: Лиле (1993) и Бојан ( 1997)

Ѓоко Мишковски (1968), Клавијатури, Ко-автор, Аранжмани,  Sound Engineer & Producer

gjole

Член на ГДГ, потоа на Хаос ин Лаос. Во слободно време е инженер на звук во студио  “Rock and roll”.

За него навиваат сопругата Марина  и од следната генерација: ____ (1993) и _____ ( 1997)

Рубин Кантарџиоски (1970)– Кантаро е сингер.

rubin-pejach

Во младоста снимил два албуми со неговиот бенд “Don’t! Who? One!

Во 2013 година имаше неколку настапи со “Don’t! Who? One!”

За него навива една прекрасна личност од женски пол.
(myspace) (CD Baby)

English